Министерството за внатрешни работи соопшти дека дојави за поставена експлозивна направа се стигнати до Музеј на Град Скопје, Природнонаучен музеј, Археолошки музеј, Музеј на македонската борба, Спомен куќа на Мајка Тереза, Градски трговски центар, ТЦ „Ист гејт“, ТЦ „Бисер“, во зградите Флетајрон, Џевахир, во Управен суд, Куќа на претседателот-Вила Водно, хотел „Мериот“, хотел „Александар Палас“, СЦ „Борис Трајковски“, Железничка станица – Скопје и Фудбалската федерација на Македонија. Добиени се пријави и за упатени закани за бомби во 11 училишта во Скопје.
„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, велат од МВР.