Во текот на вчерашниот ден екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово интервенирала на две локации.
Во првиот случај интревенцијата била на запалена сува трева на автопатот Куманово-Скопје, кај патарината, а во вториот случај станува збор за гаснење на запалено ѓубре на улицата „Иво Лола Рибар“, информираат Регионалниот центар за управување со кризи во дневниот билтен.