Со одлука на Советот на Општина Куманово, управните и надзорните одбори на јавните претпријатија се во полн состав. На последната седница на Советот беа избрани членови на управувачките тела на „Водовод“, „Чистота и зеленило“, „Пазаришта“, „Куманово-план“, „Куманово-гас“ и „ Куманово-паркинг“.
Годинава, членовите на управните и надзорните одбори се избираа преку јавен повик.
Дел од советниците сметаат дека во иднина би требало да се намали бројот на членовите на управувачките одбори особено во помалите претпријатија, а со предлогот се согласува и претседателката на Советот Ивана Ѓорѓиевска, која што најави дека во рамките на своите овластувања и функцијата, ќе иницира расправа за ваква измена преку Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС).