Во средното училиште „Наце Буѓони“ денеска беше промовирано дуалното образование од претставници на германски компании. Во техничкото училиште оваа учебна година првпат е оформена паралелка од дуално образование од профилот техничар за индустриска мехатроника. Денешната активност е дел од проектот „Вмрежување во РСМ“ организирана од Сојузното министерство за економија на Р. Германија преку Образовниот центар на Баварското стопанство.