ВИДЕО: Гимназијалката Илина Арсовска ќе учествува на Европска женска математичка олимпијада во Приштина
Гимназијалката Илина Арсовска од Куманово влезе во тимот кој ќе ја претставува Македонија на 14-та Европска женска математичка олимпијада – ЕМГО 2025 во Приштина. За своето учество на Европската олимпијада, исклучително талентираната Илина се избори изминатиот викенд на шестото издание на меморијалниот математички натпревар „Александар Блажевски – Цане“ што се одржа во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Илина Арсовска е ученичка во класот 2-2, чиј ментор е професорката по математика Валентина Каранфиловиќ, која што минатата година, по повод Светскиот ден на учителот беше прогласена за најдобар просветен работник во средно образование од страна на Сојузот на просветни работници во Македонија. Таа предава математика повеќе од 24 години.
„Илина е најмала во својата група и се натпреварува со ученици од четврта година, што всушност покажува колкав талент за математика поседува таа“, посочува професорката Каранфиловиќ.
Видеото по вестите во 18 часот.