По лажните пријави за наводно поставени бомби во два наврати во неколку училишта во Куманово, ги прашавме учениците и граѓаните на Куманово дали се чувствуваат безбедни во својот град. Лажна пријава за поставена експлозивна направа имаше и вчера попладне во осум основни училишта во Куманово. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, соопштија надлежните.