Со изведба на „Игри од Врањско поле“ културно- уметничкото друштво „Српски вез“ освои Гран при – највисоко признание на 11-от меѓународен фолклорен фестивал во Бар. Игрите од Врањско поле се познати народни ора од јужна Србија со брз ритам, богати носии и голем израз на радост, а сето тоа беше препознаено од стручната комисија на фестивалот во Црна Гора и наградено.
„КУД „Српски вез“ преку своите фолклорни групи веќе 13 години ја негува српската култура и обичаите во Македонија, но и македонските“, посочува уметничкиот директор Марко Младеновски.