Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово вчера попладне во селото Стрезовце лишиле од слобода 77-годишен кумановец поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Според СВР, при претрес во негови простории во с.Стрезовце, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени една ловечка пушка и две воздушни пушки.
– Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.