Екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово вчеравечер во периодот од 21 до 22 часот интервенирала на опожарено стрниште и сува трева кај православните гробишта во селото Лопате, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Според дневниот билтен на РЦУК, Општина Куманово вчера изутрина го известила центарот дека на бројот 112 бил добиен повик од граѓанин поради глутница агресивни кучиња на улицата „Мирче Ацев“ во населбата Зелен рид, по што биле информирани надлежните во општината за решавање на проблемот.