ВИДЕО: Граѓаните може да аплицираат за субвенционирање за приклучок на гас

Годинава се уште нема интерес за нови приклучоци на природен гас, информираат надлежните од јавното претпријатие „Куманово гас“, потенцирајќи дека вообичаено тоа се случува пред стартот на грејната сезона.

Општина Куманово годинава го субвенционира приклучокот со 25.000 денари, а надлежните очекуваат поддршка и од министерството за енергетика.

Што се однесува до изградбата на дистрибутивната гасоводна мрежа на делницата кон индустриската зона во Доброшане, компанијата веќе е избрана, а за отпочнување на градежните работи, се чека на потпишување договор со општината.

Видеото со изјавата од директорот на ЈП „Куманово гас“, Марко Митровски по вестите во 18 часот.