Здружението за поддршка, интерграција и ресоцијализација ЛИНК во соработка со иницијативата „Да бидеме хумани“ трета година по ред ја спроведуваат активноста „Подари пакетче-подари радост“. Подароците се наменети за деца во социјален ризик од руралните средини во кумановско, скопско и тетовско. Годинава ќе се дистрибуираат околу двеста пакетчиња и играчки, информира Емилија Веселиновска од здружението ЛИНК.