ВИДЕО: Денеска се празнува Свети Јован Крстител

Православните верници според Јулијанскиот календар денеска го празнуваат Свети Јован Крстител.

„Тој смета за важен светец во христијанството бидејќи според верувањето Исус Христос е крс­тен од Свети Јован Крстител на реката Јордан, на неговата 30-годишна возраст“, истакна м-р Анита Стојчевски, кустос советник етнолог во НУ Музеј Куманово.

Со оглед дека оваа главна улога на Свети Јован се остварила на денот на Богојавление (19 јануари), древната Црква денот по Богојавление му го посветил на неговиот спомен.

Денот се празнува како домашна слава, но и како именден.

Фрлањето на крст во реките, езерата, базените е еден од обичаите кој остана да се практикува кај нас по повод Богојавление – Водици.

Вчера традиционално, по крст се скокаше на неколку локации во градот и кумановско.

29- годишниот кумановец  Јован Илиевски го извади светиот крст од осветените води во мини базенот на соборниот храм „Свети Никола”.

-Петти пат скокам по крстот, оваа година имав најмногу среќа. Посакувам најмногу здравје, среќа и успех, а на младите им порачувам да ги има повеќе на број тука нартедната година, изјави Јован Илиевски.

Од свештенството на соборниот храм тој доби икона и крст, но и други пригодни подароци од општина Куманово и локалната бизнис заедница.

Светиот крст во водите на црковниот базен на „Свети Ѓорѓи“ во Куманово го пронајде дваесет и едногодишниот Стефан Мицковски.

Дваесет и четиригодишниот Дарио Киревски го извади крстот од водите на реката Пчиња во истоименото село.

Никола Младеновски на возраст од 26 години го фати светиот крст во кумановското село Тромеѓа кај манастирот „Свети Димитрија“ кој започна да се гради минатата година, кај комплексот „Александрија“.

Најмладиот кумановец кој успеа прв да стигне до крстот во базенот на „Асториа бар“ во Куманово е 16 -годишниот Михаил Младеновски. Последните неколку години празникот Водици се одбележува и на базенот во Доброшане, во приватна организација со донации од поединци и компании.

Видеото по вестите во 18 часот.