29 годишниот кумановец Јован Илиевски го извади светиот крст од осветените води во мини базенот на соборниот храм „Свети Никола”.
-Петти пат скокам по крстот, оваа година имав најмногу среќа. Посакувам најмногу здравје, среќа и успех, а на младите им порачувам да ги има повеќе на број тука наредната година, изјави Јован Илиевски.
Илиевски е невработен.
Од свештенството на соборниот храм тој доби икона и свет крст и други пригодни подароци од општина Куманово и локалната бизнис заедница.