Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ денеска беше домаќин на директорите на јавните комунални претпријатија од Североисточниот и Скопскиот регион во организација на здружението на даватели на комунални услуги на Македонија. АДКОМ ги здружува јавните комунални претпријатија во земјата и ги застапува интересите на своите членови, со цел подобрување на условите за работа и услугите што овие членови ги нудат.
Проблемите со кои се соочуваат комуналните претпријатија се речиси исти на ниво на државата, финансиски, проблеми со механизација, со локални депонии посочуваат надлежните, потенцирајќи дека ќе побараат помош од ЗЕЛС.