Долга дебата во Советот на денешната седница предизвика годишниот извештај за работа како и финансиите на кумановската библиотека „Тане Георгиевски“. Голем дел од советниците го поздравија работењето на оваа општинска установа, нагласувајќи дека изминатата година се реализирани низа активности за промоција и популаризација на книгата, средби со писатели, литературни читања, а постојано велат се збогатува и книжниот фонд.
Библиотечниот фонд велат е зголемен за над 3.300 единици, најмногу во возрасниот оддел. Активно велат се работи и на запишување на нови членови кои во 2022 година биле над 3.700, па вкупниот број на запишани лани бил над 5.700.
Советниците од опозицијата забележаа за книгите кои какошто велат биле фрлени во објект кој наликува на котлара. Прашаа зошто е тоа така, дали се заштитени, но и дали продолжува процесот на дигитализација.
Директорката на установата појасни дека книгите биле отстранети во простор, гаража, и дека биле дел од процес на расходување. Ова велат се прави неколкупати во годината или на одреден период, зависно за какви книги станува збор, дали се целосно оштетени и не можат повеќе да се употребуваат.
ПОВЕЌЕ ВО ВИДЕОТО ПО 18 ЧАСОТ!