ВИДЕО: Државно првенство во атлетика во Куманово

На атлетската патека до средното училиште „Наце Буѓони”  денеска се одржа Државно првенство во атлетика за основни и средни училишта. Натпреварите се одржуваа во комплетен состав на сите дисциплини, а учествуваа најдобрите во атлетиката од повеќето градови со претходна селекција на општинско ниво. Организатор е Федерацијата на училишен спорт на Македонија преку Општинскиот сојуз на училишен спорт на Куманово и Атлетски клуб Куманово.

На денешното првенство во атлетика гимназијалката Дијана Вукановиќ освои две медали: второ место на 100 м. и второ место во скок во далечина. Значаен резултат младата Вукановиќ постигна и на минатонеделното екипно првенство за сениори. На истото првенство Теа Алексовска, член на Атлетски клуб Куманово учествуваше во фрлање ѓуле и фрлање кладиво.

„Во фрлање ѓуле освоив личен резултат и прво место, а во кладиво фрлав со 4 килограми“, изјави  Алексовска.

Коментари

коментар(и)