(ВИДЕО) Друштвото на писатели продолжува со активностите

Друштвото на писатели од Куманово по застојот предизвикан од коронавирусот, се враќа на своите редовни активности. Традиционално согласно програмата продолжува одбележувањето на сите позначајни датуми. Тие веќе учествуваа во манифестацијата по повод Светскиот ден на поезијата, а во мај им претстои настан по повод Свети Кирил и Методиј.

-Ќе соработуваме со литературните асоцијации од земјава, со здружението на Македонци од Ниш, секоја година и оваа во Зафир Сајто организираме литературна средба. Инаку наша цел е да го подготвиме 10-от алманах, јубилеен, јубилеј на Здружение на писатели Куманово 15 години од формирањето беше на 27-ми март но малку задоцнивме се надеваме дека ќе биде готов до јуни. Ќе имаме литературно дружење, за секој повод и во есен нашата соработка ќе биде во насока на дружење и организирање на различни настани-истакна Божана Перо Трајковска, претседателка Друштво на писатели Куманово.

Друштвото на писатели во Куманово засега брои 24 членови. Велат активни се и студентите.

 

Коментари

коментар(и)