ВИДЕО: Дуќанџии во Гарнизон четири дена немаат струја

Без струја четири дена се дуќанџии од мини молот Гарнизон. Овие лица останале без електрична енергија поради проблем со канализационата мрежа во еден од становите над нив. Станбениот управител не може да го реши проблемот бидејќи деловните простории не се под нивна надлежност. Иако веќе домарот интервенирал и е саниран дефектот со канализационата мрежа. Од ЕВН им бараат да потпишат дека можеби ќе треба на сопствен трошок да ги заменат броилата. Велат ние просториите ги користиме под наем, а веќе четири дена немаме никаков приход.

Коментари

коментар(и)