ВИДЕО: Кумановските пожарникари се вратија од Турција

Успешно завршена спасувачката мисија на кумановските пожарникари во Турција по катастрофалниот земјотрес. Тимот од петмина пожарникари се врати од оштетеното подрачје и денеска се сретна со градоначалникот Максим Димитриевски и со претседателот на Советот на општината Ивана Ѓорѓиевска. Во знак на благодарност за мисијата во Турција, општината им додели благодарници и парична награда за вонредно залагање и постигнати исклучителни резултати во работењето.

Коментари

коментар(и)