ВИДЕО: Жители на улиците „705“ и „706“ во населбата „Перо Чичо“ во 2022-ра немаат пристапен пат
Жители на улиците „705“ и „706“ бараат да се реши нивниот долгогодишен проблем и да се асфалтираат улиците. Велат во 2022 година Итна помош, противпожарна единица, такси возила не можат да влезат доколку имаат потреба. Проблемот велат датира со години. Надлежните на секои избори доаѓаат со нови ветувања и решавања, кои по изборите се забораваат. Укажуваат дека како жители на овој град редовно ги надмируваат сите обврски кон општината, државата.
