ВИДЕО: Танцовите студија незадоволни, Центарот за култура не работи втора смена

Дечиња, родители и претставници на танцовото студио Мак, вчеравечер од пред Центарот за култура известија дека добиле известување да ги напуштат просториите на установата во која функционираат 35 години. Во известувањето е наведено дека Центарот за култура нема да работи во втора смена, освен за сопствени активности. Воедно студиото е известено дека истечел нивниот договор за закуп на малата сала кубус. Од Здружението танцов спортски клуб Мерлин Куманово изразија незадоволство што немаат информации дали и кога ќе можат да продолжат со воннаставни активности кои ги имаат зацртано во програмата до крајот на годината, како и идните натпревари.

Според созданијата како што посочи Стојановска останатите центри за култура низ земјава функционираат нормално со редуцирани термини, кои тие веќе ги презеле. Нагласуваат и дека им било укажно дека просторијата којашто ја користеле, поради состојбата со реконструкција на театарот, ќе биде наменета за театарска сцена.

Првиот човек на кумановскиот културен центар, Сашо Тодоровски за телевизија Плус одговори дека со друштвата, приватните клубови кои функционираат во установата уште во февруари-март годинава имале состанок, на кој им било укажано дека доколку продолжи енергетската криза и се продлабочи, тешко дека ќе можат да работат и вежбаат во зимските месеци.

Коментари

коментар(и)