Завршува огласот за мерката самовработување со грант. Невработените млади лица до 29 години имаа можност до денеска да аплицираат за неповратни средства (грант) во износ до 430.500,00 денари, со вклучен ДДВ. Грантот се добива на наменска сметка (согласно Оперативните Упатства) со приложување на профактури за набавка на опрема и/или материјали согласно спецификацијата на бизнис планот. Преку програмата нема да се поддржи основање на бизниси во следните дејности: земјоделска дејност, со исклучок на органско земјоделско производство, такси служба, производство и дистрибуција на оружје, финансиски и осигурителни бизниси и активности кои вклучуваат игри на среќа и приватни агенции за вработување.