Библиотеката „Тане Георгиевски“ денеска организираше завршна манифестација по повод Месецот на книгата во салата на Занаетчиски дом. Натпреварот „Млади библиотекари“, наградниот литературен и ликовен конкурс, посета на библиотеката и работилници со основците се само дел од активностите кои што беа реализирани изминатиов месец. Наградените основци и средношколци денеска ги добија своите награди, дипломи, пофалници за учество на распишаните конкурси од библиотеката во чест на Месецот на книгата.

Наградите ги додели директорката на градската библиотека Христина Алексовска.

Повеќе детали за денешната манифестација од изјавата на Алексовска.