ВИДЕО: Задоволителна посетеност на саемот „Денови на мед“
Кумановци уште утре ќе имаат можност да ги посетат штандовите на градскиот плоштад и да си купат мед и други пчелни производи. Саемската манифестација „Денови на мед“ започна вчера во организација на пчеларското здружение „Пчела“ од Куманово. На 22-то издание на саемот свои производи од мед излагаат 19 производители од Куманово, Берово, Сурдулица и Власина. Најмладиот пчелар годинава е 17- годишниот Павел Петровиќ, ученик во државното средно училиште „Киро Бурназ“.
