Членови на Здружението на пензионери „Куманово“ во соработка со волонтерите на општинската организација на Црвен крст денеска поделија средства за дезинфекција и заштитни маски на пензионери, но и на сите случајни минувачи на градскиот плоштад во рамките на борбата против ковид пандемијата. Активноста е дел од севкупните предвидени со програмата за работа на здружението, информира секретарот Гордица Бошковска.
-Оваа ковид пандемија здружението на пензионерите доста ја почувствува посебно во делот на активностите бидејќи дел од активностите за оваа година останаа неорганизирани од причина што не сакаме пензионерите да ги собираме сите заедно и сакаме да се почитуваат мерките на надлежните органи бидејќи ние како пензионери сме ранлива категорија и најосетлива и затоа и нив ги советуваме што помалку да се дружат, помалку да бидат заедно, во помали групи и да носат маски, да користат средства за дезинфекција, односно да ги почитуваат сите препораки на надлежните органи. Во тој дух организиравме и седници на органите со поголема дистанца, со почитување на заштитни мерки, така што во тој дел имавме активности, но во делот што значи екскурзии, дружење, најомилените забави на пензионерите, оваа година останавме ускратени. Мислам дека пензионерите се најсовесни граѓани, ги почитуваат мерките, но, за жал имавме забоелни, но и починат член на нашето здружението, изјави Гордица Бошковска, секретар на Здружение на пензионери „Куманово“
Бошковска посочува дека и поголемиот дел од пензионерите се вакцинирани и со третата доза на вакцина.