ВИДЕО: Замена на дотраени тезги и уредување на пазарот, предвидува програмата на ЈП „Пазаришта“

Подобрување на квалитетот на услугите кои се нудат и обезбедување на нови извори на приходи преку проширување на обемот на работа. Замена на дотраените тезги на Зелениот пазар, електричната инсталација, како и изградба на нови деловни објекти на реонскиот пазар на Октомвриска револуција, се дел од активностите од програмата за работа на јавното претпријатие „Пазаришта“ за 2023 година. На Зелениот пазар на кој јавното претпријатие стопанисува со 675 тезги, се планираат и инфраструктурни зафати.

Директорот потврди дека реонскиот пазар никогаш не работел на нивото, и дека не се искористени сите капацитети. Посочи дека веќе одржал средба со градоначланикот на која побарал да се изготви план за тој пазар.

Советниците ја поздравија програмата која предивидува подобрување на условите на пазарите.

Наредната година јавното претпријатие планира да оствари приходи поголеми од тековната година. Планирани приходи изнесуваат 28.966.000 денари, додека расходите се 29.886.000. Од нив дури 3.600.000 денари се за електрична енергија. Советниците ја изгласаа програмата.