Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против С.Д.(40 години) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари” по член 268 од Кривичниот законик.
Пријавениот набавил фалсификувана банкнота од 2.000 денари и на 10-ти март годинава ја употребил при купување гориво на бензинска станица во Скопје.