Домот за стари лица „Зафир Сајто“ денеска ја официјализираше соработката со државното средно училиште Регионален центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ“ со потпишување на Меморандум за соработка од страна на директорите Александар Крстевски и Сузана Максимовска.
Волонтери, ученици од училиштето „Киро Бурназ“ последните неколку години нудат бесплатни фризерски услуги на корисниците на старскиот дом, во фризерскиот салон што се наоѓа во рамките на установата.