Куманово и годинава нема да набавува нови новогодишни украси. Како што информираше директорот на ЈП „Куманово паркинг“ Андреја Маџовски на седница на Советот, за поставување, монтажа и одржување на постојните новогодишни украси низ градот се предвидени 600.000 денари.
Зголемување на средства во износ од 650.000 денари советниците изгласаа и за повластено користење на паркинг услугите за лицата со попреченост со живеалиште во Општина Куманово, а за субвенционираните наставни и воннаставни активности по пливање за кумановските ученици, Општината ќе одвои 4.250.000 денари.
Што се однесува до повластено користење на паркинг -услугите во градот од страна на лицата со попреченост од соседните општини, Липково и Старо Нагоричане, претседателката на Советот Ивана Ѓорѓиевска посочи дека е неопходно официјализирање на меѓуопштинската соработка и договор помеѓу надлежните, а пак, советничката Моника Марковка истакна дека секоја Општина треба да одвои средства од буџетот и да учествува во трошоците за своите жители.