ВИДЕО: Здружението „Бадникови поворки“ ја постави пештерата на градскиот плоштад
Здружението „Бадникови поворки“ од Куманово денеска на градскиот плоштад ја постави ја постави пештерата. Божиќната пештера ја пречекаа дечиња со ѕвездички в рацете кои се изработени на работилниците организирани од здружението. Пештерата пристигна во Куманово од Охрид.
Од здружението информираат дека во тек е пријавувањето за учество во бадниковата поворка на телефонскиот број 071/666 – 983, а сите потребни информации околу поворката се достапни на фб страницата на здружението – Бадникови поворки Куманово.
