ВИДЕО: Избрани три приоритетни концепти во Североисточниот регион

Во Куманово денеска се одржа втората сесија во рамките на Програмата „ Регионални форуми во заедницата“ во Североисточниот плански регион. Првиот дел од сесијата се однесуваше на презентација и избор на концепти поврзани со избраните приритетни области за кои ќе се аплицира за средства кои се одобрени по Грантова шема, финансирана од Швајцарската агенција и Министерството за локална самоуправа во износ од околу 300.000 евра. Од пристигнатите 4 концепти ќе бидат приоритизирани 3, информира раководителот на Центарот за развој на СИПР, Младен Протиќ. Според Протиќ, два концепта се од областа на заштита на животната средина, едниот е за реконструкција на дел од противпожарниот дом и набавка на опрема во Куманово, вториот е исто така за реконструкција на противпожарниот дом, но, во општина Старо Нагоричане, третиот концепт е изградба на нов адреналински парк во општина Крива Паланка и последниот е модернизирана верзија за иновативни проекти за канцеларии во кои ќе се дружат младите во Кратово.

-Вториот дел од форумската сесија ќе биде исто така приоритизација на проекти и програми за регионален развој на Бирото за регионален развој за 2022 година и 2023 година. Таму средствата се околу 1.100.000 евра, пристигнати се шест концепти, исто така и тие ќе бидат приоритизирани и разгледани практично од членовите на форумот денес и се надеваме декас ќе имаме успешна и плодна работа, дека ќе ги аплицираме овие проекти и се надеваме дека ќе ги добиеме. За Бирото за регионален развој во две области имаме животна средина и туризам. Предлозите се Липково- во село Матејче изградба на две улици, за општина Куманово набавка на багер скип за ЈП „Водовод“ и набавка на дел од полуподземни контејнери, општина Старо Нагоричане реконструкција на дел од патот кон село Коинце, општина Кратово сака да ги реновира градските пешачки патеки и набавка на еден скип, општина Ранковце има идеја за реконструкција на дел од канализациска  мрежа во село Љубинци, каде што има доста и земјоделски насади со што би ги заштитила, изјави Младен Протиќ, раководител на Центар за развој на СИПР

Избраните три концепти ќе одат во следната фаза, односно ќе бидат разгледани од Советот на регионите, истакна модератроот ан регионалниот форум, Гонца Јаковлеска.

-Граѓаните на регионот денеска треба да приоритизираат вкупно три кои што потоа ќе одат во следната фаза, односно ќе ги разгледа Советот на регионот, ќе бидат доработени и ќе се направат од нив предлог-проекти, еден од нив ќе ги добие финансиите односно ќе биде имплементиран како проект со оваа Грантова шема. Мислам дека освен што се важни проблемите, исто така е многу  важен процесот низ кој што се стигнува до овие проблеми. Граѓаните на нашата држава треба да бидат подготвени и да си го бараат правото да учествуваат во носењето на одлуки, изјави Јаковлеска.

Се очекува предлог -проектот кој ќе биде финансиран да биде избран во јуни, а реализацијата да започне во последниот квартал од годинава. Рокот за завршување на проектот е во 2024 година.

Коментари

коментар(и)