ВИДЕО: Изведена претставата „Службогонци“

Екипа на Драматичен театар од Ловеч, Република Бугарија синоќа во рамки на фестивалот „Денови на комедија“ ја изведе претставата „Службогонци“. Делото е по текстот на Иван Вазов, а во режија на Николај Урумов.

Играат актерите Аделина Петрова, Ѓорѓи Трајков, Георги Грозев, Диана Спасова, Јордан Петков Дуњо, Марина Георгиева, Марјан Стефано, Нина Сувандџиева, Петар Стојчев, Јовор Котов Јша.

Оваа актерска екипа за прв пат настапува на меѓународниот фестивал во Куманово. Велат било задоволство да се игра пред публиката.

-Ние сме многу задоволни од целата организација во Куманово. Публиката е неверојатна. Целото време реагира низ претставата. За прв пат екипа од Драматичен театар Ловеч е на фестивалот Денови на комедија и се надеваме дека повторно ќе дојдеме. Сакаме да се заблагодариме за целосната организација, на целиот фестивал. Ние вчера успеавме да ја видиме и претставата на колегите од Струмица која беше многу добро. Би сакале да гледаме уште претстави-истакна актерката Аделина Петрова.

Вечерва ќе се изведе комедијата Сумљиво лице на Приштинско народно позориште, утре Малиџано на Театар Битола, задутре Малограѓанска свадба на Театар Тетово, во понеделник  Слуга на двајца господари на Театар Велес и фестивалот ќе го затвори премиерата на кумановскиот театар Секс и лаги.

По завршување на фестивалот годинава за прв пат ќе се доделат награди за најдобра претстава, актер и актерка, сценографија, костимографија и режија.

ВИДЕОТО ЌЕ БИДЕ ПОСТАВЕНО ПО 18 ЧАСОТ!