ВИДЕО: ИПА регион Куманово одржа годишно собрание

Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Регион Куманово изминатиот викенд одржа редовно годишно собрание, а беше потпишан и Меморандум за соработка меѓу ИПА Регион Куманово и Клубот ИПА Алба Јулиа од Романија.

ИПА Регион Куманово функционира во рамките на ИПА Национална секција и претставува втор најголем регион со над 750 активни членови.

Преку служба до пријателство е мотото и целта на асоцијацијата, велат надлежните.