ВИДЕО: Историчарот на уметност Славица Крстиќ гостува во СТАВ
Во текот на своето 37-годишно работно искуство во НУ Музеј Куманово преку теренските истражувања, изложбената и издавачката дејност, историчарот на уметност Славица Крстиќ даде значаен придонес во областа на културното наследство, уметноста и музејската дејност.
Добитник е на повеќе награди и признанија на ниво на државата, но и во меѓународни рамки. Автор е на три монографии .
Својот работен век го заокружи со неодамнешната изложба на фотографии „ Бисери на резбата во кумановско“, кои што деновиве се изложени во Кратово.