(ВИДЕО) И дел од учениците без превоз

Од утрово делумно се нормализираше општинскиот линиски превоз. Избрани се превозници за 15 линии, за дел од останатите линии во тек е жалбена постапка. Но, освен жителите на најголемите населби, без превоз се и дел од учениците кои што денеска се вратија во училишните клупи. Општина Куманово по денешниот состанок со директорите и Секторот за образование со соопштение до јавноста, во кое се вели: Избраните линии ќе ги користат учениците, а за линиите кои се во постапка ќе се регулира посебен линиски превоз со што ќе се обезбеди бесплатен превоз за сите ученици.

Коментари

коментар(и)