И општина Липково бара зголемување на блок дотациите за училиштата, за нормално спроведување на воспитно образовниот процес. Првиот човек на општината информира дека веќе е упатено барање, и се чека на одговор. Владата одлучи училиштата да имаат евтина струја, но се уште се високи цените на нафта и огревно дрво.
–Инвестиравме за нашите деца да имаат подобри услови, но не знаевме дека нафтата беше 20 денари денеска е 100 денари. Сега согласно блок дотациите коишто ги имаме од министерството за образование и наука не може ниту еден месец да се одржиме како општина. Баравме од министерство да преземе итни чекори пред да започне зимската сезона и сега чекаме заедно со ЗЕЛС и општините од министерството и од Владата-вели Еркан Арифи, градоначалник на Липково.
Во Липково функционираат 11 основни и едно средно училиште. Претходно и Општина Куманово побара зголемување на блок дотациите за училиштата.Се стравува дека ќе се доведе во прашање функционирањето на воспитно образовниот процес.