Успешна година за кик-бокс клубот „Предатор“ од Куманово.
12 златни медали, 15 сребрени и 25 бронзи вкупно освоија членовите на „Предатор“ годинава на повеќе државни, европски и светски првенства.
Квалитетот и успехот на кик-боксерите и нивните тренери, Оливер Милорадовски, Јован Крстевски и Оливера Свилар се препознаени и од Општина Куманово.
Од последниот интернационален куп одржан во Хрватска, клубот „Предатор“ се врати во Куманово со пет медали.
