ВИДЕО: Стојчевски: Квалитетни и докажани луѓе ќе се најдат на советничката листа на ЗНАМ
Квалитетни луѓе кои што се докажани во областа во која работат, а ќе бидат достапни до граѓаните ќе се најдат на советничката листа на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија на претстојните локални избори, информираше денеска претседателот на партијата во Куманово, Даниел Стојчевски, одговорајќи на новинарско прашање. До крајот на август месец ќе бидат завршени внатрепартиските анкети и анализи по што ЗНАМ ќе ја соопшти конечната советничка листа, истакна Стојчевски.
Дали актуелната претседателка на Советот на општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска ќе биде носител на листата на советници, ќе одлучи централното раководство на Движењето ЗНАМ.