Општинската организација на Движење ЗНАМ За наша Македонија од Куманово, во соработка со Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина, денеска организираше крводарителска акција во Куманово. Акцијата се реализираше во поранешен хотел Солун, по повод Светскиот ден на крводарителството.