ВИДЕО: Кумановецот Матеј Јовановски го сними првиот трап албум

15-годишниот Matej Drixhen или Матеј Јовановски од Куманово го сними својот прв трап албум насловен „Trap Business“. Текстовите за осумте песни кои се најдоа на албумот самиот ги напишал, а станува збор за американски хард монотон трап, стил за кој Матеј верува дека наскоро ќе биде прифатен и на нашите простори. Следниот чекор е снимањето на спотови.

– Ова е стил што сѐ  уште го нема кај нас, но сум сигурен дека ќе направи голем бум. За месец два, планирам и спот и уште нови проекти. Станува збор за американски стил со доста американски зборови кој се уште го нема во Македонија, но мислам дека кај нашата публика наскоро ќе биде прифатен. Текстовите ги пишувам за 10 до 15 минути и заедно со Андреј целата песна ја изработуваме за околу еден час, изјави Јовановски.

На перспективните млади кумановци, Матеј Јовановски и неговиот најдобар другар, а сега и продуцент 16-годишниот Андреј Зафировски засега музиката им е само хоби, но не ја исклучуваат можноста и за професионални ангажмани во иднина.

-Осум месеци се занимавам со продуцирање, но достигнав повисоко ниво на продуцентство. Почнав спонтано како од шега, заедно со Матеј. Мислам дека ќе биде прифатен стилот кој го нема во нашата држава, мислам дека ќе направи бум. Засега на прво место ни е образованието, да завршиме средно, факултет и по можност да се вработиме на добри места, изјави Зафировски.

Младите музичари се ученици во средното училиште „Перо Наков“. Матеј е прва година во насоката – техничар за е-трговија и дигитален маркетинг , а Андреј е втора година, економски техничар.

Видеото по вестите во 18 часот.