„Играта лото е надеж за секој еден дека може одненадеж да добие голема добивка и со неа да направи многу работи за кои што мечтаел во животот“. Ова е дефиницијата за Лото7 во Куманово за редовните играчи на игрите на среќа од Државна лотарија на Македонија.
За лото, кумановци велат дека отсекогаш ја сметаат за семејна игра бидејќи во ливчето најчесто се впишуваат бројките кои го означуваат датумот на раѓање на членовите во семејството.
-Мене играта Лото ме потсетува на некои поранешни времиња пред се, кога беше некако се помирно, време кога честопати се собиравме дома семејно и вообичаено ја третиравме и како семејна игра на некој начин, веројатно и верувам во тоа дека многу семејства играле заедно и дека многу од нив практикуваат за свои омилени броеви да ги имаат датумите на раѓање, така беше практиката кај нас, едно време мислам дека беше Лото5, ние бевме четворица, нормално ги пишувавме нашите датуми на раѓање, борба беше за петтиот број, нормално, таткото го кажуваше петтиот број, оној кој што го финансираше тоа за да бидеме учесници во секое коло на лото. Мислам дека секое коло, не испуштаа моите родители да не потсетат дека треба да одиграме некоја комбинација. Тоа е игра за надеж, дека секој еден може да биде среќен и да се стекне со добра квалитетна добивка, даваше некоја надеж дека може да се реши на пример станбено прашање, дека некој може да си купи убав автомобил, тука беа и помалите добивки од кои имавме добивано неколкупати со кои на некоја начин повторно се рефинансираше играта, иако сепак, ова е игра и може да се игра навистина одговорно, изјави Драган Ивановски – Шани, водител
Одбирајќи игра со полн систем се избираат сите можни комбинации од седум броеви кои се дефинирани со броевите кои се одбрани и одиграни. Скратените системи ги немаат сите математички можни комбинации од одбраните и одиграни броеви кои учествуваат во играта, туку играат односно учествуваат само оние комбинации кои кои се дадени односно дефинирани во самиот скратен систем кој е одигран.
-И денеска практикувам да направам некоја комбинација лото, а најчесто тоа го правам, сега во емисијата заедно со моите гости, заедно со партнерот во емисијата кажуваме броеви кои ќе ни дојдат онака, одеднаш, па и од членови на екипата бараме по некое бројче, правиме комбинации и истата ја препорачуваме на сите, но не можеме да гарантираме дека токму таа комбинација ќе биде добитна, ама се надеваме. Тоа всушност претставува оваа игра лото – надеж за секој еден дека може одненадеж да добие една голема добивка и со неа да нправи многу работи за кои што мечтаел во животот. Тука се и грепките, сега пробав една, исто така можат да се играат одговорно, ги има различни грепки, многу игри, има од парични награди до станови во Скопје, исто така некој начин да дојдат до убаво изненадување, убава награда, убава добивка. Најчести се паричните награди, многупати ми се има паѓано нешто што на некој начин ми ги рефинансира грепките. Продолжувам да играм лото и по некоја грепка да гребнам, истото го препорачувам на сите – изјави Ивановски.
Секогаш е вистинското време за уплата на вашите среќни Лото 7 и Џокер комбинации!
Очекуваниот фонд за седумка е над 26 милиони денари.
Со учество во игрите на среќа, учествуваш во градење Фонд за инвестирање во општествено корисни цели.