„Независноста беше и останува голема обврска. Обврска да ја чуваме државата, да ги негуваме демократските вредности, да ги почитуваме различностите и да градиме општество, во кое секој граѓанин ќе има свое место, можности и перспектива“, истакна градоначалникот Максим Димитриевски, на вчерашното одбележување на државниот празник – 8 Септември.
Претходно делегации положија цвеќе пред споменикот „Жена борец“ во Куманово.