ВИДЕО: Максим Димитриевски реизбран за претседател на Движењето ЗНАМ
Движење ЗНАМ За Наша Македонија вчера го одржа вториот Конгрес на кој претседателот на партијарта Максим Димитриевски повторно едногласно ја доби довербата од делегатите.
-Очекувам победа на сите кандидати на ЗНАМ во сите општини каде што ќе имаме свои кандидати, бидејќи ќе излеземе со најдобрите понуди. Ако не повеќе, ЗНАМ може да се пофали дека знае успешно да менаџира со своите кадри во локалните смаоуправи каде што менаџира, каков што е случајот во Куманово. И без разлика на празните обвинувања, бидејќи ги разбирам, доаѓаат од опозицијата кои се во паника во недостаток на аргументи мора да има празни обвинувања, но ние сме посветени на работењето. Ќе имаме свои кандидати кои ќе ги потврдат тие резултати. Од граѓаните ќе излезат идеите за реализирање на локалните проекти кои ќе бидат ставени во предизборните програми токму на предлог од граѓаните, изјави Димитриевски по завршување на вториот Конгрес на партијата.