Јавното претпријате „Куманово- паркинг“ до крајот на годинава ќе обезбеди дополнителни паркинг места со проширување на зона Б. Првите педесетина места од зона Б ќе бидат во близина на основното училиште „Бајрам Шабани“, информира в.д директорот Андрија Маџовски.
Тој посочува дека граѓаните стекнале навика за испраќање смс пораки, а со обележувањето на новите паркинг места дополнително ќе се зголеми и наплатата.
– Во 2025 година ќе го започнеме пуштањето на Б зона, дел по дел, кај училиштето Бајрам Шабани“, на булеварот „Октомвриска револуција“. Во моментов работиме со едно пајак возило, дневно се креваат од 35 – 40 возила, зависно од сообраќајниот метеж, изјави Маџовски.