ВИДЕО: Меѓународен фолклорен фестивал во Куманово  

Во организација на Комисијата за култура при Здружението на пензионери Куманово денеска во големата сала на Центарот за култура се одржа третиот меѓународен фолклорен фестивал со ансамбли од Македонија, Србија и Бугарија.

Претходно учесниците на фестивалот продефилираа во централното градско подрачје.