Националната установа Музеј Куманово по повод 18 Мај – Меѓународен ден на музеите организира богата програма.
Во рамките на одбележувањето кое започна вчера, музејот ќе понуди разновидни настани и активности наменети за посетителите од сите возрасти, со цел афирмација на културното наследство и приближување на музејската дејност до пошироката јавност.
Денеска се промовира Мапа на спомениците на културата во Куманово и кумановско од авторот Мери Николиќ, кустос-историчар на уметност.
Во рамките на одбележувањето од 12 до 16 мај бесплатен е влезот за сите посетители на постојаната музејска поставка во НУ Музеј Куманово и Меморијалниот центар АСНОМ во с. Пелинце.