Милован Видановиќ, претседателот на Здружението Регионален центар за лица со интелектуална попреченост и во следните 4 години ќе менаџира со „Порака наша“ и ќе ги застапува интересите на корисниците. На неодамнешното изборно собрание Видановиќ по трет пат ја доби довербата од членовите, родителите и други поддржувачи на здружението. Претседателот се надева дека во следниот период успешно ќе се справи со предизвикот- процесот на лиценцирање на дневниот центар и одржливоста на социјално сервисната служба.
