„Солиден е интересот од граѓаните за денешната крводарителска акција што ја организира општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Куманово“, информира потпретседателот на партијата, Владимир Михајловски.
Акцијата е во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Скопје и општинската организација на Црвениот крст.
