ВИДЕО: Музеј Куманово со повеќе проектни активности

Со ликовни работилници, изложби, едукативни етнолошки филмови НУ Музеј Куманово изминатата седмица го одбележа Денот на ослободувањето на Куманово. Ученици од повеќе основни училишта вчера беа дел од работилницата која се одржа во куќата -Музеј на Христијан Тодоровски Карпош, а ден претходно основците својата креативност ја покажаа цртајќи во просториите на кумановската галерија. Со децата работеа историчарите на уметност, Неда Митковска и Габриела Митевска, вработени во музејот, а надворешен соработник професорката по ликовно образование, Елена Спасовска -Радошевиќ.

„Со втората работилница која се одржа вчера во спомен куќата на Карпош раководеше Марија Живачки, виш кустос историчар во НУ Музеј Куманово каде што децата се запознаа со историјата на нашиот град за време на Втората светска војна и окупацијата преку презентација од кустосот. Во вториот дел од работилницата учесниците изработуваа паризански капи карактеристични за тој период. Целта на музејот е да се подигне свеста помеѓу најмладите за културното наследство на нашиот град преку едукативни проектни активности“, изјави Мери Николиќ, вд директор на НУ Музеј Куманово

Дел од активностите се и едукација на лицата со попреченост од „Порака наша“ и од Дневниот центар кој што е во надлежност на министерството за труд и социјална политика.

 

Коментари

коментар(и)