Наглите температурни разлики негативно влијаат врз здравјето на човекот, а според лекарите, засегнати се, не само хронично болните и метеопатите, туку и здравите луѓе, децата, па дури и доенчињата. Температурните шокови поизразени се во пролет, отколку во есен, а повеќе ги чувствува женската популација, отколку мажите, вели д-р Нора Господинова – Николовска, специјалист по интерни болести во Општа болница Куманово.
Внимателен избор на облека, односно слоевито облекување, зголемен внес на зеленчук и овошје, повеќе течности – безалкохолни и негазирани, избегнување стресни ситуации, доволно сон и умерена физичка активност, се дел од советите на лекарите во справувањето со големите температурни разлики.